Еве еден едноставен рецепт за подготовка на гибаница, јас ја обожавам затоа што се подготвува за десет минути и е превкусна. Се јаде со кисело млеко, а кај нас идеална комбинација во овој период од годината е со таратор салата. 

Подготовка
Јајцата ги матиме со миксер да добијат на густина и во нив ги додаваме јогуртот, кисела вода, зејтинот, пченкарното брашно и прашак за пециво. На крајот го додаваме дробеното сирење. Смесата ја мешаме и во неа ги додаваме дробените кори промешуваме и сипуваме во добро подмачкано тавче бр.30.
Гибаницата ја посолуваме едната половина со буковец, а другата со сусам. Печеме на 200степени петнаесетина минути, потоа намалуваме на 180степени половина час додека не добие златна боја.
Откако ќе ја извадиме од релна тавчето го вртиме наопаку на две подметнати чаши и ја оставаме добро да се излади. Ова го научив од нашата драга членка Лилјана и нејзината наопачка гибаница(ти благодарам Лиле)гибаницата останува ваздушеста и не се сплескува.Брза и едноставна....
Забелешка
Јас во еден мој рецепт напишав дека корите ги купувам такви дробени доколку вие не можете да најдете слободно исечете ги на ленти.
Добар апетит!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани