Денес ќе Ве почестам со еден превкусен рецепт кој ми го пренесоа моите пријатели од Италија, поточно Сицилија. Како љубител на италијанската кујна, овој рецепт ме воодушеви.

За подготовка на ќофтињата, во еден подлабок сад измешајте ги меленото месо (комбинација од говедско и свинско), кромидот и лукот ситно измелени, зачините, јајцата, магдоносот и презлата. Од добиената смеса формирајте топчиња со големина на орев. Во подлабоко тенџерче ставете маслиново масло - колку да го покрие дното и пропржете ги месните топчиња од сите страни да поруменат. Внимавајте да не ви се распаднат.
Кога ќе бидат испржени додајте го доматното пире зачинето со малку исецкан свеж босилек и сол. Нека прокрчкаат со сосот, превртете ги од двете страни убаво да се зготват, околу 15-20 мин, а и сосот ќе згусне. Вака подготвени сервирајте ги со претходно сварените шпагети и украсете со свеж босилек и пармезан. Се надевам дека многу ќе ви се допаднат.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови