Сакам да пробувам нови рецепти со машинката за тестенини.
Дојдов и до овој рецепт кој е брз и едноставен со многу малку состојки.
Замесете ги горе наведените состојки.
Ако ви е мало јајцето, тогаш додајте 20-30 мл вода за да се замеси убаво тврдо тесто.
Поделете го на три топчиња, а потоа расплеснете со раката.
Така оформената коричка пуштете ја веднаш на машинката за тестенини и внимателно пречекајте ги готовите тестенини.
Редете да се исушат, па соберете ги во хартиена кеса.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови