Рецептов го најдов на интернет и ми делуваш проклето неодоливо, па ни две ни три од прва направив две дози =))

Кашкавалот се ренда на ситната страна од рендето и се меша со останатите состојки. Се добива убава мазна смеса која не се лепи. Се сука кора со дебелина од половина сантиметар и се вадат форми со помош на мали калапчиња.
Јас многу стручно ѝ нарачав на другарка ми од Америка да ми прати специјални мали калапчиња за крекери, а ако немате такви можете да употребите некои ситни форми од дома, на пример капаче од шише за ракија.

Бидејки направив две дози, за да се разбие монотонијата, тестото го поделив на три дела. Во едниот ставив пица зачин (смеса во кесичка), во другата мелен благ црвен пипер и третата остана само со кашкавал.
Во зависност од тоа кој кашкавал ќе го одберете, таков вкус ќе имаат крекерите. Јас користев ајдамер.

Се редат на тавче кое не мора да биде обложено со хартија за печење и се печат окулу 15-20 мин на окулу 180 степени. Треба да добијат убава нежно златна боја, тогаш се осуви и покрцкави.

Нидлес ту сеј, со Шеќерко смркавме една доза уште додека беа топли. Ненормално беа добри, крцкави и миризливи. Вкусот на крекерите со црвен пипер не беше лош, ама не беше ни најлудило.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани