Помешајте го брашното со солта, прашокот за печиво и оставете ги на страна. Одвојте ги жолчките од белките, па изматете цврст снег. Во друг сад, матете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер се додека не добиете бледо жолта боја. Додајте го растопениот путер и млеко и добро измешајте. Во истата смеса, додајте го брашното при тоа матејќи со најмала брзина (многу кратко се додека смесата не се изедначи). На крај додајте ги и изматените белки и измешајте со лажица.
Апаратот за вафли премачкајте го со малку маргарин, истурете од тестото, затворете и печете. Служете со еурокрем,мармалад,мед...или едноставно посипете ги со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани