Ставете ги џигерчињата во вода и оставете да зоврие. Истурете ја водата и ставете повторно скоро колку да ги покрие. Варете додека испари течноста, па додадете ја ситно сецкана сланината и маслото. Доколку сланината ви е мрсна и испушта доволно маснотија за пржење, маслото можи и да го изоставите. Откако ќе се потпржат, исклучете ја ринглата и допржете ги со зачините и маргаринот, кој и да не се дорастопи, не е воопшто страшно, бидејќи потоа целата содржина се префрла во сецко или блендер и се блендира. Постепено се додаваат и останатите состојки и се убаво се блендира. Секако, доколку сакате, можи да си оставите и некои ситни парчиња, се зависи од желбата на конзументите. Јас во половина доза додадов и 1 средна лажица густо доматно пире.
Во зависност од сочноста на состојките, доколку сметате дека ви е густа, придодадете уште малку мајонез или павлака. Чувајте ја во добро затворена кутија во фрижидер. Кога ќе ја извадите од фрижидерот, ќе има мала цврстина, па ако сакате да ја мачкате, само малку измешајте ја за да се опушти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани