1.Копаните, морковите и компирот се варат околу 30 мин.
2. Кромидчето ситно се сечка и се запржува на тивок огин на малку масло заедно со ситно сечканите печурки
3.Сварениот зеленчук се пасира
4. Копаните се чистат од коските и месото ситно се сечка
5.Зеленчукот и месото се додаваат кај печурките и малку се попржуваат со нив
6. Се додава водата во која се вареле копаните и се зачинува
7. Откако ќе зоврие супата се додаваат двете коцки за супа и тестенината - јас ставив фиде во форма на ѕвездички
8. Откако ќе се свари чорбата се додава ситно сечкан магдонос и се послужува

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани