Полесно и побрзо...не може да биде.
Тараната е многу вкусна.
Пробајте на овај начин да ја подготвите за вашите најмили.

Во чашата на нутрибулет ставаме јајце, сол, млеко, гриз и брашно.
Со кратки пулсирања, односно по 2-3 секунди, соединуваме се.
Ја протресуваме чашата и пак соединуваме уште 2 секунди.
Добиената тарана ја распостиламе на чисти кујнски чаршафи, во танок слој.
Ја покриваме со газа и ја оставаме на сонце да се просуши.
Потоа ја собираме во платнети торбички.
Секако дека ова е основен рецепт.
Количините се наведени колку што може да собери чашата.
Јас подготвив од 10 јајца, односно во 10 наврати, за моите потреби

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани