Од состојките за тестото се замесува тесто и се дели на 50 топчиња. Секое топче се расукува со густин се редат по 5 корички од тие 5 корички се прави една кора колку тавчето.
Од мали кори сукате една голема и се редат во подмачкано тавче бр 24 ,2-3 кори, па прскате ореви и се така додека се потрошат корите.
Врз последната кора не се става ореви.
Кога е цела баклаава усукана се сече на парчиња и врз неа се става маргаринот загреан со маслото.
Баклавата се пече на тивко околу 2 часа.
Печената баклава се остава една ден да стои па наредниот ден се попарува со топол шербет,шербетот не треба да биде многу густ.
За сукање на корите по рецепт беше 150 гр густин мегутоа јас потрошив 100 гр.
Мегу секоја коричка кога ги сукате се става густин и кога се сука пак големата кора пак се сука на густин.
ПРОБАЈТЕ НЕМА ДА ЗГРЕШИТЕ ПРЕВКУСНА БАКЛАВА !
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови