Во просеаното брашно додајте квасец сол и шеќер. Додајте јајце, јогурт и замесете тесто. Оставете го да стаса.
Тестото рассукајте го во пласт, ставете го во тепсија за печење.
Врз тестото ставете кетчап, шунка,печурки, сирење и кашкавал, ставе го да се пече на температурата 220 степени.
При крај на печење ставете врз пицата матени јајца и печете уште 10 минути.
Извадете ја пицата од рерна, премачкајте со путер покријте ја и оставете малку да се подизлади. Сечете пица на парчиња и уживајте.
Вака направена пица сакаат кај мене дома домашните.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани