1. Во сад на оган ги ставаме водата, палентата и солта. Вариме на тивок оган, со постојано мешање додека не се свари палентата како пудинг.
2. Во палентата ги додаваме зачините , путерот , маслиновото масло и двете парчиња топено сирење. Мешаме додека не се стопат путерот и топеното сирење.
3. Половина од смесата ја ставаме во плех обложен со хартија. Смесата ја распределуваме во тенок слој, колку потенок слој толку покрцкав чипс.
4. Печиме во загреана рерна на 250 степени. Првин околу 5 мин, малку да се исуши смесата, ја вадиме и со голем нож сечиме на триаголници. Го враќаме плехот во рерна и печиме уште 20тина минути, зависи од рерната и од тоа колку крцкав сакаме да биди чипсот. истата постапка ја повторуваме и со другата половина од смесата.
5. Сос- киселите краставички ги рендаме. Ги додаваме сите останати состојки, промешуваме. Послужуваме со чипсот

*шолјата е 250 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани