Подготовката е на следниот начин -

1. Во длабок сад ги ставаме брашното, пецивото и 2 м.л. сол, мешаме да се соединат убаво.
2. Во друг сад ја ставаме ладната вода, квасецот и шеќерот. Мешаме убаво да се растворат состојките (оставаме 10-15 минути).
3. Сега течноста се додава во садот кај брашното и замесуваме меко тесто. Го покриваме садот и го оставаме на топло да стаса тестото.
4. Откако стасало тестото, го премесуваме, формираме округло лебче и го префрламе во садот од кукерот (намрсен и набрашнет од страните, а на дното ставаме хартија за печење).
5. Садот го покриваме и го оставаме на топло да стаса (околу пола час).
6. Потоа го префрламе садот во кукерот и уклучуваме на програмата bake, а времето го подесуваме на 45 минути.
7. Откако поминало зададеното време, го вадиме лепчето, ги бришеме со крпа формираните капки на капакот и го превртуваме лебчето со помош на белиот сад (што е за готвење на пареа).
8. Така превртено лепчето го враќаме во кукерот пак на печење на истата програма Баке, а времето го подесуваме на 45 минути.
9. Испеченото лепче се остава 10-на минути да излади врз решетка, па го сечеме.

*Забелешка - превртувањето на лебот за време на печењето е со цел да добие убава боја од двете страни, бидејќи овој апарат пече само од долната страна (иако и да не се преврти лебот, секако дека нема да биде неиспечен лебот во внатрешноста...само бојата на едната страна ќе биде побела). Доколку не се превртува лебот за време на печењето, во тој случај ќе треба да се корегира и времетраењето.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани