Кромидот, морковот и лукот ситно исецкајте ги и пропржете ги на маслото и путерот малку да омекнат. Додадете го месото и заедно пржете ги уште малку заедно.
Потоа додадете ги зачините, виното и половина чаша вода и оставете го да се динста додека испари течноста.
Додадете го доматниот сос и нека се вари уште 10 мин.
Оставете го да олади и потоа соберете го во помали тегли и затворете ги.
Теглите ставете ги во тенџере со вода да се варат 30-45 мин. да се вакумираат.
Вака приготвениот сос може да ви се најде при рака кога немате многу време за готвење. Ги варите тестенините за 10 минути, го додавате затоплениот сос и ручекот ви е на маса!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани