Во рерната ги ставаме пиперките да се потпечат.
Ги вадиме и ги ставаме во ваган.
Го додаваме изронетото суво нане и ноктецот.
Ја додаваме солта.
Толчиме со толчникот убаво смесата да се соедини.
Значи пиперките се толчат заедно со семките.
Измешаната смеса е готовиот домашен буковец.
Има прекрасен мирис од нането и ноктецот.
Во мојот дом се користи постојано како додаток на ручекот, како зачин за скара...
Моите знаат да си макнат од зачинот и кога имам тополм штотуку печен леб.
Не напоменав дека во зависност од вкусот може да си додадете и лута пиперка , или пак помалку сол , ако на некого му е премногу солено.
Ноктецот го има и на пазар, а ако го берете тогаш треба да се наберат само цветовите и да се исушат. Потоа така суви се подготвени за подготовка на зачинот.
Пробајте па кажете.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови