Ова е омилената кајгана на мојот брат.
За оваа кајгана најдобри се доматите од сорта-јабучар кои се со месеста структура, а никако од дрвенестите полни со сок.
Доматите се мијат и се сечат на парчиња. Маргаринот се загрева и се ставаат доматите, па се пржат додека испари течноста, околу 5-10 минути. Се сецка едно чешне лук, кој не сака не мора. Се кршат трите јајца дирекно во тавата. Се промешува додека се запржат јајцата се насолува и се служи со топло лепче за појадок. Од зачините по желба се додава босилек, оригано, но јас препорачувам само сол да се долови вистинскиот вкус на ова мини рецептче.
Кон доматите може да се додаде и сирење, но и не мора.Тука во овој случај имам ставено по желба на домашните и без сирење е посебен вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани