Лешниците се подпекуваат на хартија и врз нив се истура изматена смеса од белките, шеќерот и брашното. Прво се матат само белките во цврст снег, а потоа се додава шеќерот и се продолжува со матење. На крај се додава и две лажици брашно и смесата се истура врз лешниците и се пече-суши околу 30 минути на 160 степени.
Одкако ќе се испече се става на подлога и се филува.

фил
Се варат пудинзите во млекото и оладени се мешаат со изматениот маргарин со шеќерот во прав. Одкако ќе се соединат двете смеси се додава и кремот и се убаво се меша.

Најдоле се става кората, па се премачкува со тенок слој од филот. Над неа се редат бисквити претходно натопени во свежо исцеден сок од портокали.
Над бисквитите се става филот во подебел слој и одозгора шлаг пена.
Оваа торта е многу кремаста, сочна и вкусна. Едноставна по состав, а кремаст и лесен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела