Сезоната на праски заврши, но јас дури сега стигнав да го испратам рецептов. Ќе се најде за догодина
Праската ја сечеме на коцки, ги ставаме да се варат со шеќерот и 300 мл вода, додека да омекнат, потоа пудингот го раствораме со 100 мл вода и го додаваме во праските, вариме додека да се добие густа смеса, пред крајот го додаваме чоколадото. Оставаме да се излади.
Го матиме маргаринот со шеќерот во прав и постепено додаваме од смесата со праски.
Во сад за сервирање ставаме ред искршени бисквити потопени претходно во млеко, ред од филот и исецкани ореви. На крај украсуваме со шлаг, исечена праска и чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани