Ставете ги капините во касерола, додадете шеќер и варете ги на тивок оган околу 10 минути, додека капините не го ослободат сокот и шеќерот целосно не се стопи.
Измешајте го пудингот со вода, да нема грутки и додадете ги кај капините пред крајот на готвењето, мешајќи, варете уште неколку минути, додека не се згуснат.
Оставете на страна.
Измешајте ги чоколадните пудинзи во 150 мл млеко.
Остатокот од млекото оставете го да зоврие со шеќер и ванилин шеќер.
Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на средна, додадете ја смесата со пудинг и варете ја мешајќи неколку минути, додека не се згусне.
Покријте со фолија и изладете.
Изматете го путерот, кој претходно стоеше на собна температура.
Изматете го изладениот фил и додадете путер.
Додадете и растопено чоколадо и се убаво соединете.
Филувајте, кора, фил од капини, чоколаден фил, кора, фил од капини.
Јас оставив малку од чоколадниот фил за врз четвртата кора.
Него го нанесов накнадно од кога одстоја десертот во фрижидер 2 часа.
Амаааааа десертов го заборавив цел ден во резервниот фрижидер и малку ми испука кремот, што и не е грешка.
Убаво ќе беше да го покријам со чоколадна глазура...но веднаш сечев на штангли и послужив.
Многу е вкусен и може да се подготви и со јагоди, малини,...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани