Изматете го пенесто путерот со жолчката и шеќерот во прав.
Постепено ги додаваме брашното и пецивото и на крај ги додаваме лешниците.
Тестото што ќе го добиеме треба да е средно меко, да не е тврдо.
Сучиме кора со дебелина на еден прст и со калапите сечиме форми. Печиме на 170 степени околу 20 мин.
Ги филоваме со мармаладот и лепиме по две форми. Посипуваме со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови