Во тенџере на оган ги ставаме водата, шеќерот и маргаринот да зовријат. Откако ќе зовријат, тенџерето го тргаме од оган.
Бисквитите и оревите ги мелеме и ги додаваме во тенџерето.Убаво промешуваме за да добиеме хомогена смеса
Потоа смесата ја делиме на два дела и во едниот дел додаваме 100 гр. кокос, а во другиот дел 3 лажици какао.

На влажна крпа ставаме еден лист обланда и ја премачкуваме со кафеавиот фил,потоа ставаме уште една обланда и премачкуваме со белиот фил. Виткаме ролат. Постапката е иста и за другите две обланди. Значи од рецептов искачаат два ролата.
Ролатите ги ставаме во фрижидер да се стегнат и потоа сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови