Во тенџере на оган се ставаат водата и шеќерот да провријаат 3-4 минути. Во тоа се додава маргаринот и врие уште една минута. Се трга на страна и додека течноста е млака се додаваат бисквитите и оревите. Убаво се промешува. Смесата се дели на 2 дела и во едниот дел се става растопеното чоколадо.
Два листа обланда се ставаат меѓу 2 влажни крпи за да омекнат.
На едниот лист обланда се нанесува светлата млака смеса и убаво се витка ролат.
На вториот лист обланда се нанесува темната млака смеса и белиот ролат се става на крајот на обландата со црн фил и заедно се виткаат во ролат.
Се остава 5-6 саати да се стегни и исуши обландата, а потоа се сечи на парчина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани