Оваа пита често ја правам од причина што е многу вкусна, а и многу брзо се подготвува. Со денешниов начин на живот, тоа се бара...
Подготовка на првиот фил
Во подлабок сад изматете ги јајцата и додадете ги сите наведени состојќи.
Подготовка на вториот фил
Изгмеченото сирење измешајте го со претходно исцедениот спанаќ и додадете неколку супени лажици од првиот фил и измешајте повторно.
Третиот фил е втора опција за полнењето на питата - сите состојки исецкани измешајте ги со киселата павлака и неколку лажици од првиот фил.
Сега да ги наредиме корите
Ставете една кора и пропрскајте ја со 1-2 лажици од првиот фил. Врз неа ставете втора кора, исто пропрскајте ја и на едниот крај нередете од вториот фил. Потоа свиткајте во ролна и ставете во тепсија обложена со хратија за печење. Ако корите што сте ги купиле се нешто подебели, тогаш може да ставате само по една кора во ролна.
Откако ќе ги потрошите корите одозгора полијте ги убаво со преостанатата количина од првиот фил. Посветете внимание на краевите од ролните и убаво натопете ги со филот за да не се исушат при печењето. Печете на 200 степени дури не порумени.
Чаша јогурт или кисело млеко секако е неизбежен додаток за оваа пита.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови