Во подлабок сад се ставаат урдата и мајонезот. Јајцата се рендаат на ситниот дел од рендето, а краставицата се лупи и се сечка на што е можно поситни парчиња. И магдоносот се сечка на ситно. Исто и лукот. Се додаваат и толчените ореви. Сето убаво се соединува. Се остава во фрижидер се до послужување. При тоа добредојдена е алатката за сладолед.
Како втора варијанта, која лично ја применувам и е навистина одлична,е додавањето на цацики зачин и полнење на предходно подготвени корпиња од лиснато тесто. При тоа оревите не се ставаат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани