Во сад ставете го меленото месо.
На колбасите отстранете им ја обвиквата, извадете го месото и додајте го во садот со меленото месо.
Додајте ги ренданиот кромид, јајцето, соја сосот, лебните трошки, сецканата сува пиперка, сецканата жалфија, мајчината душица и магдоносот.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер.
Убаво со раце замесете го месото.
Садот покријте го со најлонска фолија и оставете го да отстои во фрижидер 30 минути до 1 час.

Компирите излупете ги и сварете ги.
Сварените компири испасирајте ги и додека се топли додајте го ренданиот кашкавал. Мешајте додека кашкавалот се растопи, а потоа додајте го сецканиот рузмарин.
Дотерајте го вкусот со мешан сув зачин и црн бибер и убаво измешајте.

Блитвата измијте ја и ставете ја да се обари(5 минути).
Обарената блитва исцедете ја од водата, исецкајте ја и ставете ја во тава на оган заедно со шампињоните исечени на тенки листови.
Пржете ги додека водата што ја пуштаат испари, а потоа додајте 1 лажица маслиново масло.
Пропржената блитва со печурки префрлете ја во сад и додајте го пармезанот и малку рендан ѓумбир.
На секој лист шунка ставете од оваа смеса и завиткајте во ролат.

Во тавата во која ќе печете ставете половина од смесата од мелено месо.Одозгора наредете ги ролованите парчиња шунка.
Потоа нанесете ја смесата од компири и на крај другата половина од смесата од мелено месо.
Премачкајте ја питата со сенф и ставете да се пече на 200 степени, 1 час.
Откако ќе се испече поситепте со рендан кашкавал и вратете во рерна кратко колку да се подрастопи кашкавалот.
Пред сервирање оставете малку да се подолади и послужете.

Јас пресеков кога се уште не беше убаво оладено и не добив некој си пресек, кога е подоладено постегнато е и убаво се сече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани