Ова е еден богат ручек, не многу комплициран за подготовка, единствено што треба малку повеќе време да се причека за да се вкуси. Се подготвува, се става во рерна, се наѕира од време на време, а во меѓувреме си работите друго.
Подготовката оди вака

1. Месото исечете го на коцки, во него ставете го кромидот исечкан, малку посолете го и запржете. По некое време додадете го исечканото лукче, пак пржете, а за тоа време подгответе ги останатите состојки.

2. Чадената сланина и црвените пиперки исечкајте ги на коцкички, излупените и измиени компири исечете ги на коцки, а свежите шампињони на листови.

3. Користете тенџере со метални рачки и капак со пречник од 22 см. и почнете да редете од состојките земајќи по 1/2 од нив по следниот редослед
- чадена сланина - компири - црвени пиперки - сушени домати - печурки -
запрженото месо со кромид, па после уште еднаш повторете по истиот редослед.
Поросете со малку црн пипер и ставете малку масло одозгора.

4. Ќесичката Фант за гулаш и паприкаш истурете ја во 700 мл. вода, загрејте и мешајте додека да почне да врие и да се згуснува. Готовиот Фант прелијте го врз наредените состојки, поклопете го тенџерето со капакот и ставете го во загреана рерна на 250 степени.

5. Печете на таа температура 1 час, потоа извадете го тенџерето од рерна и полејте го виното. По потреба може да дотурите малку млака вода. Намалете на 220 степени и без капак печете уште 1 час.

Значи ништо не мешате, само повремено го надгледувате крчкањето откако ќе го извадите капакот. Штом е готово, посипете со сечкан магдонос и гостете се.
Мислам дека не ќе има некој што не би му се допаднал овој вкусен ручек.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани