Кој го сака циметот, мора да ја вкуси оваа пита.
Најпрво се премачкува плехот со дел од путерот. Корите се редат во плехот набрани(нафалтени). Врз нив се посипува стопениот путер и се посолува со цимет. Се става да се пече в во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека да заруменат корите.
За тоа време ги матиме јајцата со шеќерот и ванилите пенасто додека се стопи шеќерот.
Се додава пченкарното брашно, се мати повторно врз оваа смеса се додава врелото млеко. Оваа смеса се полева врз заруменетите кори и се враќа во рерна да се допече уште 25 минути.
Питата се јаде топла, претходно посипана со шеќер во прав, но вкусна е и кога е изладена.