Постапката е брза и едноставна, а баклавата е повеќе од вкусна и сочна.

Земете една кора, попрскајте ја со гриз и масло, па врз неа ставете втора кора, исто попрскајте со гриз и масло, па на крај трета кора, на која ке ставите од филот, односно од вишните и оревите. Свиткајте цврст ролат.
Јас за виткање на ролатот користев голема игла за плетење (види слика). Потоа со раце од двете страни набрчкајте го ролатот, па внимателно извлечете ја иглата.
Истата постапка правете ја додека се потрошат сите кори.
Од кога ке ја наредите во тава, исечете парчиња со нож, па ставете ја тавата во загреана рерна, да се пече околу 40-тина минути, т.е додека се заруменат корите. Готовата баклава тргнете ја да се олади.

За шербет, во тенџере на оган, ставете ја водата и шеќерот, да се растопи, па додајте ја ванилата. Од кога ќе зоврие, оставете на тивок оган да проврие уште 15-тина минути. На крај додадете го сокот од лимонот.
Важно е да се знае дека на топол шербет, оди ладна баклава или обратно.

Послужете наредниот ден, кога баклавата убаво ќе впие од шербетот.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови