Прво се меси убаво локумот и шекерот во прав, откако ке се измеси убаво смесата отприлика како за фондан се додаваат оревите и се меси повторно, потоа се додаваат бисквитите и водата. Се меси со раце додека не стане хомогена смесата.
Се дели целата смеса на 12 еднакви дела. Од секој од деловите се прави форма во облик на сукало.
Чоколадото се топи со зејтинот.
Деловите се редат на следниов начин-се ставаат 3дела па врз нив се става чоколадо, врз нив се ставаат 2 дела и повторно се премачкуваат со чоколадо и најгоре се става еден дел и повторно чоколадо да биде селото парче убаво облеано со чоколадо.
Постапката се повторува и за следните 6 преостанати парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови