Сите дома се заљубивме во грицкиве, во 2 недели правев 4 пати и сите 4 пати користев различни брашна. Првиот пат ги направив со чисто интегрално пченично брашно. Вториот пат со бело и интегрално брашно. Третиот пат измешав половина ржано, јачменово, овесно и половина бело брашно (тие ми беа најубави) и четвртиот пат беа мешавина од бело и јачменово брашно. Последните 2 пати ставив и сирење. Ви ги посочувам примерите за да знаете дека слободно може да си експериментирате. Секаде каде рецептот дозволува импровизација - импровизирајте. Јас ќе го споделам оригиналниот рецепт. Во зависност од брашната кои ги користите, треба да ја адаптирате и цврстината на тестото, ако е претврдо, додадете уште малку пиво, интегралните брашна обично повеќе впиваат течност. После првиот пат, ќе го развиете осетот за тестото, јас не ни користев рецепт после првиот пат и ги правев од око, а и така ќе ги правам во иднина.

Подготовка

1. Замесете тесто од сите состојки, сосема кратко колку да се соединат состојките. Оформете топка па раширете кора дебела 5-6 мм со помош на сукало. Сечете фигури со помош на чаша или калапчиња по ваш избор. Редете ги едно до друго на тава обложена со хартија за печење, нема потреба да оставате простор. Јас користев Делимано тава како што гледате, дури и на рабовите редев, не подмачкувам ниту користам хартија за печење и се прават за мерак.

2. Печете 20 мин на 200 степени или додека не почнат да се заруменуваат. Јас ги сакам попечени и покрцкави па знам и подолго време да ги оставам да се печат. Највкусни се кога ќе се оладат и во комбинација со јогурт или ќефир ммммм.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови