1 чаша = 240 мл.
- Измиениот спанаќ обарете го, истискајте и изблендирајте го, но не многу за да не стане како пире пожелно е да се како ситно сецкан. Затоа можете едноставно ситно да го исецкате. Ставете на 7 лажици масло да се пропржи - околу 5 мин. Тргнете на страна да се олади,
- Во сад ставете го брашното измешано со пецивото и солта, на собна температура омекнатиот маргарин или по ваш избор путер, жолчката и оладениот спана. Измесете тесто кое не се лепи за рацете, покријте и оставете во фрижидер да одлежи околу 30 мин.
- За тоа време истолчете или на ситната страна од рендето изрендајте го лукот и додадете го во маслото.
- Едрата морска сол во аванче столчете ја на поситно.
- Веке одстојаното тесто расукајте го во кора на побрашнета површина со околу 1 см. дебелина, поросете врз кората малку брашно, повторно оформете го на топка и повторно расукајте кора во истата дебелина. Сечете на ленти во ширина од 1-2 см., а можете и со калапче да вадите форми.
- Наредете ги на мало растојание, со четка премачкајте од маслото во кое има лук, но притоа внимавајте да нема парчиња лук - само масло, посипете со морска сол, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 170 степени околу 20-25 мин. Извадете и додека се се уште топли повторно премачкајте со масло, но овој пат ставете и од лукот.
Одлични грицки.