Печев пиперки на електрична скара и тука го испеков тиквето
Што не значи дека мора така, може да го испечите на ваш начин.
Го излупив од надворешната кора, го исеков на покрупни парчиња и го остаавив во цедалка 20 минути.
Потоа во чашата на нутрибулет ги ставив тиквето, конзервираниот грашак, сирењето, зачините.
Соединив неколку секунди, додека не добијам мазна структура.
го ставив во здела и го оставаив 30 минути во фрижидер, па го послужив како додаток со други предјадења, со добар аператив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани