Во обилно количество посолена вода обарете ја брокулата искината на средно големи цветчиња неколку минути, па веднаш префрлете ги цветовите во вода со мраз за да ја задржат убавата зелена боја. Исцедете ги и оставете ги на страна.
Црвената пиперка исечете ја на ленти, младото кромидче на кругчиња, а белиот целер на тенки плочки. Оставете ги на страна.
Загрејте ја рерната на 190Ц
Во мало тенџерче загрејте го путерот, па запржете го светло брашното и непрестано мешајки со жица додавајте го млекото да направите светол бешамел. Додајте го кашкавалот исечен на коцки, мешајте да се растопи на тивок оган. Додајте го лукот во прав, мајчината душица, посолете и побиберете по вкус.

Во погоден керамички или стаклен огноотпорен сад наредете ги обарената брокула, црвената пиперка, целерот и кромидчето. Прелијте со бешамелот, посипете со Пармезан и ставете во загреаната рерна да се запечи и да стани меуресто некаде околу половина час.
Послужете топло како прилог на печено месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани