Едноставно јадење, мислев ќе добијам ефект на турлитава и нема да стигне да го објавам, но изненади со вкусови и еве го :)

Месото исекцкајте го на коцки, запржете го во врело масло. Нека зарумени и додадете го ситно исецканиот кромид. Кромидот убаво нека се запржи, додадете го црвениот пипер да се запржи и на крај додадете ја водата и поклопете да се провари.
Додека крчка исекцкајте ги зеленчуците на мали парчиња, зелката на лентички. Јас не ставив само печурки бидејки немав, а ќе беше уште подобро со печурки.

Кога водата во тавата ќе се намали, префрлете го месото во поголема тава за печење, додадете ги зеленчуците и печете во рерна на 200 степени додека зарумени. Проверете ги компирите дали се испечени бидејки им треба најдолго време за подготовка. Јас секогаш ги сецкам на мали парчиња, за побрзо да се приготват. 
Проверете на вкус за зачини ни додадете доколку сакате.

Киселата зелка е приготвена по ОВОЈ рецепт, а провансалска мешавина по ОВОЈ рецепт.

Пријатно јадење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани