Гравче Тавче е традиционален македонски специјалитет, кој најубаво е да го сервирате во земјени чиничиња. Дел е од нашето редовно мени, а секако е дел и од менито за нашата куќна слава, која е посна...каде покрај гравчето, неизоставен дел од софрата се посните сарми, рибата, посни салати, панаѓија, пченица, баклава и разноврсни ситни блакца за десерт.

Подготовка -
1. Гравот го чистиме, миеме и го прелеваме да одстои во ладна вода (барем неколку часа) или најдобро одвечер за да омекне. Потоа повторно го миеме, и го ставаме во тенџере со нова вода на средна температура да се вари. Откако ќе зоврие таа вода ја истураме и налеваме друга вода.
2. Сега го ставаме кромидот ситно исецкан (додаваме и суви пиперки ако сакате), и го оставаме гравот да се вари додека скоро скрос не омекне.
3. При крај додаваме сол, вегета, нане (по вкус)
4. Свареното гравче го цедиме и префрламе во земјени чиничиња.
5. Во тава на оган ставаме околу 50мл зејтин да се загрее и додаваме црвен пипер - па го чвркосуваме гравчето.
6. Го ставаме гравчето во загреана рерна на 250 степени да се потпечи кратко време, осносно додека да формира танка кора.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови