Подготовка

1. Брашното го мешаме со шеќерот и го додаваме путерот. Го втриваме путерот со прсти, додека да добиеме изглед како мокар песок. Додаваме ванила, а потоа и млеко лажица по лажица, додека да се оформи тесто. Тестото завиткано во најлонска фолија го оставаме во фрижидер 1-2 часа.
2. На хартија за печење го расукуваме оладеното тесто во тенка кора. Средишниот дел од кората го премачкуваме со мармалад (доколку мармаладот е многу црвст може прво да се загрее 30-40 секунди во микро). Врз мармаладот ги редиме сливите. Рабовите на кората ги виткаме навнатре така да средишниот дел остане отворен. Вака подготвена галетата добро е да отстои во фрижидер додека да се загрее рерната.
3. Ја премачкуваме галетата со разматено јајце, ги поросуваме сливите со шеќер и печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути (додека да добие боја).
Едноставен и многу вкусен рустичен тарт/галета. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани