На почетокот на овој убав десерт ќе пишам дека како главна слика ја одбрав онаа основната, зашто всушност со пишуваново сакам да го опишам составот на овие убавини. Полнежот можете да си го одберете сами, но вкусот на овие убави палачинкиже годоловите сега..
Јајцата се делат белки од жолчки.
Матете ги на страна, одделно.
Штом се изматени белките со шеќерот, постепено додавајте ги и останатите состојки,а на крајот додадете ги и матените жолчки.
Изедначете ја смесата.
На намастено тавче или пак акоимате апарат за палачинки,истурете по една кутлачка од смесата и печете ги палачинките.
За кратко ќе ги добиете прекрасните воздушести парчиња.
Првиот впечаток ми беше како да гледам сотка од пчели....целата со ситни дупчиња.
Вадете ги готовите палачинки. Излегуваат многу преку 25 парчиња.
Јас ги служев со салата од свежо овошје,агаве сируп,мед,нутела....
Оставам на вас да одберете со што сакате,но обавезно пробајте ги.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови