Сладок венец за мене лично многу вкусен со шоља кафе одлична комбинација.
Најпрво го зафаќаме квасецот и го оставаме да надојди и потоа го месиме со брашното, шеќерот, јајцата растопениот маргарин и постепено го додаваме и млекото. Месиме средно меко тесто и го оставаме да надојди околу 45 мин.
Потоа од тестото сучиме кора и на целата површина ставаме од филот. Кората ја виткаме во ролат и го засекуваме по должина, но не до крај,отприлика оставаме по 2 см.до краевите. Ги виткаме краевите во вид на венец, но внимавајте филованите страни секогаш треба да бидат горе. Венецот го ставаме во намрсено тавче и пак го оставаме да надојди. Печиме на 180 степени околу 40 мин. На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови