Ова е мојата овогодишна велигденска погача.
1. Во сад гоставаме квасецот, јајцето и белката, млекото, киселото млеко, оцетот, солта, шеќерот и маслото. Со жица ги матиме состојките.
2. Постепено го ставаме просеаното брашно, месиме се додека да добиеме средно нелепливо тесто. Го оставаме да кисни 1 час.
3. Стасаното тесто го размесуваме, го делиме на 4 топки. Секоја топка ја рассукуваме, ја мачкаме со маргарин (освен четвртата) и редиме една на друга.
4. Со раце ја развлекуваме кората во правоаголна форма, а потоа со оклагија ја истанчуваме. На едната страна рендаме малку сирење, ја виткаме до половина во ролат. Остатокот го сечиме на ленти, плетиме плетенки (како на 2 слика), и нив ги виткаме на ролатот.
5. Ги сечеме вишокот на краевите од ролатот и го ставаме свиткан во намрсена
со маргарин тава бр. 26.
6. Од исечените краеви плетиме мала плетенка и ја ставаме во празниот дел во тавата. Премачкуваме со жолчката, ставаме интегрален сусам, лен и чиа семе.
7. Рерната ја пуштаме на 200 степени и штом се загрее печеме 20 минути, а потоа намалуваме на 180 и допекуваме додека да порумени погачата но да провериме во средишниот дел да не ни остане недопечен.
За многу години Велигден!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани