Се сецка зеленчукот на покрупни долгнавести парчиња само модриот патлиџан на коцки. Се запржува кромидот, па се додава морковот, модриот патлиџан, пиперките и на крајот доматите без лушпа (или доматниот сос) и лукот ситно исецкан. Зачинете со сол и бибер.
Во тава за печење се редат лазањите и врз нив се става запржениот зеленчук и се додаваат маслинките без семките.
Во тавата каде се пржеше зеленчукот се додава малку масло  и кога ќе се загрее се додава брашното да се запржи па се додава 300 мл. вода, а потоа и коцката за супа. Откако ќе се олади во него се додаваат јајцата изматени заедно со сирењето. Се става во загреана рерна да се пече.
Ако ви се гледа дека е суво, додадете малку вода или доматен сос. И тоа е тоа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови