Брашното и свинската маст се протријуват со рака, потоа се додаваат јајцата, шеќерот, пецивото и ванилите. Се замесува тесто за состојките да се спојат, ако е потребно тогаш се додава малку млеко (јас употребив 4-5 големи лажици млеко). Тестото се расукува со дебелина од 5-7 милиметри и со помош на модла се вадат форми. Се редат во плех и се печат во загреана рерна на 180 степени да заруменат.
Откако добро ќе се изладат се формираат парови и се залепуваат со џемот. Се оставаат да омекнат и се посипуваат со шеќер во прав.

Забелешка
- Свинската маст може да се замени со путер или маргарин.
- Плехот каде што ќе се печат ванилиците не треба да биде намастен.
- Оригиналниот рецепт е половина од тестото да биде кафено со додавање на какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови