Овие мафини најчесто ги припремам по основниот рецепт, плус по желба одозгора со посипување на шеќер во прав, а понекогаш додавам дополнителни додатоци за збогатување на вкусот (како на пример сецкано чоколадо, боровинки, сецкани ореви и слично). Овојпат решив да ги наполнам со еурокрем и да ги декорирам со слатка павлака.

Подготовка:
1. Во длабок сад ги матиме јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилата до нивно згуснување. Потоа ги додаваме маслото, млекото и грчкиот јогурт, миксираме кратко.

2. Сувите состојки (брашното, пудингот и пецивото) ги просејуваме и ги додаваме на крај во садот. Миксираме до хомогенизирање.
3. Смесата ја распоредуваме рамномерно во калап за мафини, во кој претходно сме ставиле книжни каписли. Полниме околу 2/3 од капислата, не повеќе.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени. Јас печев 25 минути. Вие одредете според тоа како пече вашата рерна. Проверете со чачкалица.
. Ги вадиме од калапот печените мафини, нека оладат, па им длабиме малку од средишниот дел, ставаме внатре еурокрем и декорираме со слатка павлака. Одозгора рендаме чоколадо.

*Забелешка - од оваа доза испаѓаат 15 мафини.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани