Подготовка
- Јагодите цели или исецкани залијте ги со сирупот и сокот од лимонот и оставете на страна да одстојат додека гоприготвите кремот.
- Одвојте од вкупната количина на млекото околу 100 мл во кои ќе го растворете пудингот, остатокот ставете го во сад, додадете го шеќерот. Кога ќе проврие додадете го растворениот пудинг. Сварете и тргнете на страна. Покријте го со проѕирна фолија како не би се фатило кора додека се оладува
- Во оладениот пудинг додадете ја киселата павлака и сирупот од боздел, измешајте. Сервирајте, одозгора ставете ги маринираните јагоди.
- Оладено во фрижидер одличнен летен десерт.
Уживајте,
Напомена во врска со шеќерот - доколку некој смета дека е премногу слободно намалете го. За моите подмладкари беше таман.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани