1. Најпрво го активираме квасецот во топлото млеко, додаваме и 1 лажичка шеќер и 2 лажички брашно.
Потоа замесуваме тесто со додавање на останатите состојки, на крај го додаваме омекнатиот маргарин. Замесуваме мазно и меко тесто. Го покриваме и го оставаме да се активира.
Потоа се дели тестото на еднакви топчиња (јас на околу 20). Секое топче го расукуваме во мала коричка. Во средината ставаме мармалад, и формираме топче. По желба ставете порака со некоја изрека за љубовта напишана на ливче, па замотајте го ливчето во алуминиумска фолија.
Секое топче го потопуваме во растопен маргарин и ги редиме во плех свртени со затворениот дел надоле.
Ги покриваме и ги оставаме на топло да надојдат (околу пола час)
Печеме во загреана рерна на 200 степени.
Одозгора ги наросуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани