Одлично и за мезе, никогаш не остануваат, многу ни се вкусни вака приготвени пиперките...
 
1. Издробете го сирењето. Лесно изматете ги јајцата со вилушка и ставете во тавчето во кое сте ставиле 1 лажица зејтин, додадете го згмеченото сирење и пржете на тивок оган се додека се стврдат јајцата. Тргнете настрана. Кога ќе олади додадете малку лукче, копар и магданос, поросете мелен бибер.
2. Се печат и лупат пиперките, се чистат од семето и на едната страна се расекуваат. Отворете ги. Наполнете ги со филот од јајца и сирење, затворете ги повторно враќајки им ја нивната првобитна форма.
3. Секоја наполнета пиперка најпрвин увалајте ја во брашно, па во разматените јајца, потоа во презлата. Оставете настрана малку да се исуши панирковката.
4. Во тавче загрејте зејтин, ставете да ги пржите кратко од двете страни полнетите пиперки кои пред да ги спуштите во зејтинот повторно ги увалкајте во сматените јајца.

Напомена
- филот за полнење го спремам така затоа што е повкусно, потполно допржено (ќе мора да признаете дека кога ги полневме само со урда или сирење во кое сме ставиле јајцата секагаш филот е течен и недопржен) ,
- Двојното панирање на пиперките не дозволува да истече ништо, формата си ја задржуваат.
- Можете да ги полните и цели доколку прво сте им извадиле семето, па потоа ги печете, лупите и полните.
-Доколку не сакате лукче слободно изоставете го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани