Подгответе го овој бурек и ќе ги изненадите сите. Никој нема да поверува дека е домашно направен. Вкусот е навистина како оригинален бурек.

Најпрво добро се премачкува округлата тава бр.26. Ги мешаме состојките за премачкување со жица за матење. Сирењето и киселата павлака ги мешаме.
Се земаат две кори и ги ставаме во тавата со краевите надвор. Ставаме од премазот и над него ставаме 3 кори, кои ги гужваме како хармоника да бидат целосно во тепсијата. Повторно добро ги премачкуваме, па ставаме половина од филот. Потоа повторно ставаме 3-4 гужвани кори, премачкуваме, па ставаме повторно од сирењето. Ставаме една кора над сирењето, премачкуваме и затвораме со краевите на корите кои беа надвор од тепсијата. Премачкуваме. Печеме во загреана рерна на 200 степени, додека не порумени.

Додека се пече првиот бурек, го подготвуваме и вториот. На масло го пржиме младото кромидче со главицата кромид, мешаниот сув зачин, солта и црниот бибер, па при крај го додаваме и варениот штавеј (може и блитва или спанаќ). Корите ги редиме на истиот начин, само наместо со два реда фил ги правиме со еден, во зависност колку кори ке ни останат за вториот бурек.

Послужуваме со кисело млеко, јогурт или кајмак. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови