Месото сварете го заедно со сув зачин и бибер по желба.
Ставете го булгурот во некој подлабок сад и кога ќе биде месото сварено, од течноста во која се варело одвојте 2,5 шољи и додека е врела турете ја во садот со булгурот. Покријте го и оставете го се додека не ја впие течноста.
Кога ќе се излади, додајте го исечканиот кромид, доматите, магдоносот, зачинете со лимонов сок и масло и послужете.
Може како салата, но мене ми служи и како главно јадење. Во секој случај е многу вкусно и хранливо. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови