Доматите ги миеме. Шери доматите ги сечеме по долж на средина, а на трите средни домати им ги сечеме врвовите. Две маслинки ги сечкаме на ситни коцкички, а на останатите маслинки им ги вадиме семките и ги сечеме на 4 дела.
Јајцата ги вариме, ги лупиме и ги засечуваме двата врва за да бидат рамни од двете страни. Во тањир на среде ги ставаме јајцата, одозгора им ги ставаме врвовите од средните домати и врз доматите со шприц ставаме точки од мајонезот. Околу јајцата ставаме ливчиња магдонос. Половинките од шери доматите одозгора ги боцкаме со врвот од ножот и во дупчињата ставаме од ситните коцкички маслинки.Ги ставаме врз магдоносот околу печурчињата од јајца. Од едната страна ставаме четвртина од маслинките, а од другата страна ги засекуваме на среде околу пола сантиметар.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови