Багетот исечете го на косо на парчиња и потпечете го во рерна, на рингла или во тостер.

Лукот истолчете го или поминете го низ алатка и измешајте го со путерот/маргаринот. Додедете и малку сол.

Уште топли премачкајте ги лепчињата со тенок слој.

Доматот исечкајте го на коцкички и распоредете врз секое лепче.

Изрендајте или издробете од кајмакот.

Одозгоранаросете ситно сечкан магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови