Тиквата излупете ја, исечете на парчиња и ставете ја во тепсија. Кромидот исечете го на парчиња и ставете го кај тиквата. Попрскајте малку со маслиново масло, посолете малку и ставете да се пече.
Јајцата сварете ги.
Во блендер ставете ги варените јајца, печенате тиква со кромид, урда, магдонос, лук, мајонез, посолете додајте црн пипер и сув зеленчук. Се' изблендирајте и ставете малку во фрижидер.
Ставете ја паштетата во шприц и по малку ставајте врз брускетите. Украсете со ливчиња магдонос.
Добар апетит!