Многу брз а превкусен чоколаден колач.
Прво се матат јајцата со шеќерот и ванилионт шеќер околу 5 минути.Се додаваат маслото и млекото и убаво се меша.
Брашното се меша заедно со какаото и пецивото и се додава кај јајцата.Убаво мешаме.
Садот во кој ќе печеме го премачкуваме со путер.(јас печев во сад за тарт)
Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
Пудингот го вариме на стандарден начин со млекото и шеќерот.Кога е сварен додаваме чоколадо и мешаме.
Печениот колач го превртуваме и врз колачот редиме колциња банани.Прелеваме со пудинг и декорираме по желба.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови